Доколку овие денови чувствувате немир и негативна енергија која ве опкружува и гуши, време е да направите нешто околу тоа.
Темјанот е христијанска ритуална практика на чистење на просториите од духови и се што е нечисто и несвето, како и негативна енергија што може да се акумулира во просторот од различни причини.
Темјанот се нарекува бел чад и служи за отстранување на силите кои не се пожелни во христијанскиот дом. Името бел чад настанало како спротивност на црниот чад, кој вклучува согорување на разни работи за магични цели, како и чад од цигари.
Православните христијани веруваат дека темјанот брка се што е негативно, па затоа е присутно при секоја црковна церемонија, како што се литургиите, утринските и вечерните молитви, како и при извршувањето на сите свети тајни, од крштевањето и свадбите до осветувањето (молитви и помазание на болен од осветено масло).
Според верувањата на многу учења, не само на црковните, темјанот им носи добро здравје на сите членови на домаќинството, па затоа се препорачува да се кади домот и поради оваа причина.
Кога темјанот се топи на жарот, чадовите се издигнуваат до таванот ширејќи го својот пријатен мирис. Издигнувањето на чадот кон таванот симболично го претставува издигнувањето на нашата молитва кон Бога.
За да се ослободите од негативната енергија и лошата среќа, следете ги овие три чекори:
Текстот продолжува на следната страна