Тестот на присуство на онкогени типови хуман папилома вирус (ХПВ 16 и 18, кои предизвикуваат 98% од сите случаи рак на грлото на матката) овозможува смртноста да се снижи 70%.
Октомври е месец на женското здравје, а ноември на машкото, па затоа ве потсетуваме да ги направите потребните анализи за подобар квалитет на животот и посилно здравје.
РАК НА ДОЈКА
Ослободете се од вишокот килограми, оставете ги пушењето и алкохолот, посетувајте гинеколог (вклучувајќи и палпирање на млечните жлезди т.е. рачен преглед на дојките) еднаш годишно заради превенција, а по 40-та година еднаш годишно правете мамографија – и, ете, веќе не сте во зоната на ризик.
Сепак, во 15–20% случаи ракот на млечните жлезди има наследен карактер. Доколку некој од вашите блиски (мајка, сестра, баба) боледувал од оваа болест, има смисла да направите тест на гените БРЦА1 и БРЦА2. Ако во гените се откријат дефекти и мутации, значи дека постои ризик од појава на рак на дојка и на јајници.
Патем, откако ги добила резултатите од овој тест, кои покажале висок ризик од појава на рак, глумицата Анџелина Џоли ги отстрани превентивно млечните жлезди, т.е. целите дојки. Сепак, не треба да донесувате толку радикални одлуки, но неопходно е да ги исклучите факторите на ризик и редовно да се прегледувате.
РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА
Доколку болеста се открие во ран стадиум (уште подобро во периодот на претканцерогените промени во клетките), шансите за победа се многу високи. Во текот на прегледот гинекологот ќе земе брис од грлото на матката и цервикалниот канал заради цитолошко испитување. Исто така потребно е да се направи тест на присуство на онкогени типови хуман папилома вирус. Ова овозможува смртноста поради ова заболување да се снижи за 70%.
Помеѓу 20-та и 30-та година е потребно да се прегледувате еднаш на три години, а по 30-та година еднаш годишно.
РАК НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО
Заради скрининг на рак на дебелото црево (колоректален канцер), на луѓето по 50-та година им се препорачува колоноскопија (ендоскопско испитување на дебелото црево) на секои пет години. Доколку кај крвните сродници е дијагностициран колоректален рак, онколошка дијагностика треба да се прави еднаш годишно. Покрај тоа, секоја година треба да се прави и анализа на столицата на скриено крвавење.
Поврзани објави
Важно е да се знае дека позитивниот резултат не укажува секогаш на рак: крвавење може да предизвикаат полипи, бенигни тумори, чиреви, како и други заболувања на гастроинтестиналниот тракт. Затоа, по таквите резултати, лекарот ќе препорача дополнително испитување. Доколку, пак, се потврдат сомнежите, во првиот стадиум лекувањето на колоректалниот рак може да се ограничи само на мала хируршка интервенција на дебелото црево.
РАК НА ТЕСТИСИ
Еве кои симптоми за предупредување ги наведува Британското здружение за истражување на рак на тестиси:
Грутка или оток во едниот тестис е најчест симптом. Грутката може да биде со големина на зрно грашок, а докторот прави преглед за да утврди дали се работи за циста или рак.
Институтот Роберт Кох проценува дека во Германија годишно заболуваат околу 4.200 луѓе од оваа болест. Во 2019 година од карцином на тестиси починале 160 лица. Таканаречените релапси, или повторно враќање на болеста, обично се случуваат во рок од две години по завршување на терапијата. Но, забележани се случаи на повторување на болеста и по пет години.
Други помалку познати симптоми вклучуваат болка во грбот, болка во долниот дел на стомакот, кашлица, тешко дишење, тешкотии при голтање, оток во градите.
На мажите им се препорачува да обрнуваат внимание на тој дел од телото, па доколку забележат оток или израсток, веднаш да закажат преглед кај уролог за да се утврди за каква промена станува збор. Израстокот на тестисот може да бидат резултат и на други бенигни болести кои се многу почести. Иако ракот на тестисите е ретка болест, секој израсток на тестисот мора да се испита за да се исклучи малигно заболување.
Кој има АЛЕРГИЈА, подобро се ШТИТИ ОД РАК
Рускиот институт за рак дошол до следното откритие: ризик од појава на рак на грлото, крајниците, хранопроводот и грлото на матката кај пациентите со алергија на прашина и полен е намален за третина во споредба со здравите луѓе. Според зборовите на научниците, полинозата го активира процесот на имуни потраги по опасни елементи. Како резултат на тоа, имунолошкиот систем ги пронаоѓа канцерогените клетки и ги уништува уште додека не стигнале да формираат вистински тумор.
Текст: Бојана Стојменовиќ
Фото: Pexels/Karolina Grabowska