Почетна Убавина и здравјеПлејбој-зајачица му пришла во клуб и добила шокантен одговор – Убавина и здравје

Плејбој-зајачица му пришла во клуб и добила шокантен одговор – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Плејбој-моделката Хике Конингс тврди дека Леонардо Ди Каприо ѝ дал интересен одговор кога го прашала зошто не излегува со жени постари од 25 години

Актерот Леонардо Ди Каприо има полна филмска биографија и не постои сомнеж дека важи за голем заводник и срцекршач според многу девојки ширум светот. Неговиот љубовен живот секогаш завршува на насловните страници и привлекува големо внимание, најмногу поради неговата опсесија со жени помлади од 25 години.

Добро позната е легендата дека актерот им раскинува на своите партнерки во моментот кога ќе наполнат 25 години.

Во 2016 година, Ди Каприо бил поврзуван со актерката Нина Агдал, но се разделиле кога Агдал наполнила 25 години. Една од поновите врски на Ди Каприо со манекенката Камила Мороне, исто така завршила само еден месец откако таа наполнила 25 години.

А сега, плејбој-моделката Хике Конингс открила што се случило при средбата што ја имала со Ди Каприо за време на ноќно излегување во еден клуб од затворен тип во Лос Анџелес.

Конингс, која се појавила на холандската насловна страница на „Плејбој“, рекла:

„Го видов само како седи во својата црна качулка и црна капа и воспоставивме контакт со очи.“


Поврзани објави

Таа изјавила дека менаџерот на Ди Каприо ѝ кажал дека актерот сакал да поразговара со неа, па таа отишла на неговата маса и ја искористила можноста да го праша за наводниот тренд дека се гледа само со девојки под 25 години.

Ди Каприо ѝ дал неочекуван одговор и признал дека е „виновен“ за тоа.

Нејасно е кога се случила нивната средба, а по тој повод медиумите ги контактирале претставниците на Ди Каприо за коментар за тврдењата на манекенката, но не дошле до него.

Ди Каприо е во врска со италијанската манекенка Виторија Церети, која во јуни оваа година наполнила 26 години. Според тоа, можеби конечно одлучил да се откаже од неговото правило.

Се шушка и дека Ди Каприо е целосно воодушевен од манекенката.

„Толку добро им оди што Лео мисли само на Виторија“.

ФОТО: Инстаграм @leonardodicaprio