Почетна Убавина и здравјеОвој познат маж ѝ беше поддршка на Цеца во најтешките денови – Убавина и здравје

Овој познат маж ѝ беше поддршка на Цеца во најтешките денови – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Менаџерот на Цеца Ражнатовиќ проговори за нејзиното апсење.

Радомир Рака Мариќ, еден од најпознатите и најдобри менаџери на овие простори, ги организираше најдобрите и најголемите концерти во Белград, меѓу кои и концертот на Ролинг Стоунс. Но малку е познато дека Рака ѝ бил менаџер на Цеца Ражнатовиќ во времето на полициската акција „Сабља“, во која таа беше уапсена.

Навистина ме погоди, знаеш, навистина ме погоди во срце. Мајка на две мали деца, малите Вељко и Анастасија… Останаа без мајката, која е во затвор, која ја затворија со криминалци. Таа за мене беше ѕвезда, не знаев, не навлегував во тие приказни, што е, зошто е таму. Тоа што беше кажано, се’ што беше напишано ме погоди толку силно, ме удри во срце. Се обидов да ѝ помогнам колку што можев. Во тоа време во државата беше вонредна состојба, не можев, немаше на кого да му се јавам, да ја пушти некој да си оди, што и да е.

Малку се загрижив, Лидија и баба беа тука, и таа нејзина тетка, па сите се грижеа за децата, јас малку помогнав финансиски и слично.

Менаџерот на Цеца Ражнатовиќ опиша и каква била атмосферата во домот на фолк-пејачката додека била во затвор.


Поврзани објави

Па како беше? Страшно. Децата не знаеја каде е мама, мали беа, мама ја немаше, им кажавме. Тоа беше непријатна ситуација за неа. Не знаев што да правам… Жена да лежи во некоја ќелија е ужасно, знаеш, едноставно ми беше нереално. Нашата најголема ѕвезда да биде во затвор. Ништо не можев да направам. Тогаш во медиумите се пишуваше онака како што кажа владата, нормално.

Пред апсењето на пејачката, Рака ѝ организирa концерт на Маракана и беа продадени 85.000 билети. Менаџерот тврди дека сите наслови за апсењето на Цеца и за животот пред тоа придонеле уште повеќе за нејзината популарност.

Па нормално, влезе во небесна сфера, со Жељко, со името, со сето тоа, а Светлана пееше уште од мала. Имаше 15 години кога почна да пее и ги распродаваше сите концерти.

Фото: Инстаграм