Почетна Убавина и здравјеЗошто сите мислат дека „лажна Меланија“ го придружувала Трамп? Апсурдни теории на заговор ги преплавија социјалните мрежи

Зошто сите мислат дека „лажна Меланија“ го придружувала Трамп? Апсурдни теории на заговор ги преплавија социјалните мрежи

од nenad
1 минути читај за

Апсурдни теории на заговор ги преплавија социјалните мрежи откако Меланија Трамп се појавила на изборите покрај Доналд Трамп

Меланија Трамп се појавила на изборите на гласачкото место на Флорида облечена во црн фустан со точки, но според разни теории на заговор, тоа не била таа, туку дублерка.

Некогашната прва дама за овој важен датум го облекла истиот фустан што веќе го носела во септември минатата година кога ги промовирала своите мемоари.

Фустанот на „Кристијан Диор“ совршено му прилегал на нејзиното тело, истакнувајќи ѝ ја витата става, додека на нозете носела салонки на високи потпетици, а на лицето големи очила за сонце.

Но зошто сите мислат дека тоа не била Меланија покрај Трамп?

ФОТО: Принтскрин BBC

Токму поради впечатливите очила за сонце што ги носела во затворен простор.

„Ова апсолутно не е Меланија. Ова е нејзина дублерка, инаку зошто би ги носела тие големи очила за сонце во затворен простор цел ден?“, гласи еден од коментарите.


Поврзани објави

Оваа теорија на заговор што ги преплави социјалните мрежи прекуноќ може да била сервирана од страна на противничката политичка страна, а во прилог на тоа му одеа и твитовите од типот на: „Како човек кој шета наоколу со лажна жена би можел да биде кандидат за претседател?“

И додека Интернетот „гореше“ поради „лажната“ Меланија, таа прикачи објава „Гласав“ на сите социјални мрежи, заедно со американското знаме.

На гласачкото место кратко им одговарала на прашањата на новинарите, па рекла: „Добро сум“.

Секако, овие теории веќе не се важни, бидејќи Доналд Трамп вторпат стана претседател на САД, била неговата Меланија лажна или не.

ФОТО: Принтскрин BBC