Почетна Убавина и здравје„Јас сум онаа мајка која е преуморна, а не стигнува ништо да направи“ – Убавина и здравје

„Јас сум онаа мајка која е преуморна, а не стигнува ништо да направи“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Минатата година, една млада жена го донела на свет своето прво дете и тоа ѝ го променило животот од корен

На почетокот, како и секоја нова мајка, била најсреќна на светот, но обврските станувале сѐ потешки и сѐ повеќе го чувствувала товарот на родителството.

Бриџет Ен споделила расплакана фотографија на Фејсбук со зборовите:

„Сите мислат дека е лесно да се биде домаќинка и мајка на бебе од неколку месеци. Дека сме среќници што не работиме. Нѐ сметаат за мрзеливи, без вистинска работа. Нѐ потценуваат а не разбираат како изгледа нашиот ден.“

Наместо да ѝ даде поддршка, нејзиниот сопруг почнал да ја критикува – ѝ префрлал што не заработува, што зависи од него, нарекувајќи ја „неработничка“. Тие зборови само го засилиле нејзиното чувство на изолираност и исцрпеност.

„Вистината е дека сум осамена и преоптоварена“, напишала таа, обидувајќи се да ја сподели насобраната болка и фрустрација.


Поврзани објави

Додала дека комплетно изгубила чувство за себе – секој момент од нејзиниот ден му бил посветен на бебето, секој обид да се посвети на себе бил прекинат од плачот или барањата на детето.

„Навечер би дала сѐ за неколку часа сон, но тоа е невозможно бидејќи моето бебе не престанува да вреска ако не го нишам. Се обидувам да смислам начини како да ја забавувам цел ден, додека маж ми ме нарекува неработничка.

Со текот на времето почнав да чувствувам како да се губам себеси во целата таа приказна, се прашувам дали ми требаше сето ова. Потоа ќе го погледнам мојот ангел и повторно станувам најсреќната жена на светот и така во круг. Ми стана јасно, мене само ми требаше поддршка од сопругот.“

Некогаш можеби ги осудувала жените кои немале работен однос, но сега ја сфатила нивната борба. Останал сама, без поддршка. Домот не ѝ е чист, сѐ е во неред, а таа се чувствува како сѐ да паѓа на нејзин грб.

„Мојата куќа не е чиста, мојата облека не е чиста, садовите не се измиени. Денес се заклучив во бањата и врескав, плачев и се чувствував толку проклето виновно што не успевам да бидам грижлива мајка и атрактивна жена истовремено“, напишала таа.

На крајот, апелирала до сите да се сетат на другите жени како неа, да им дадат поддршка и да им покажат сочувство, бидејќи можеби нема кој да ги утеши кога не се чувствуваат добро.

ФОТО: Sean Roy/Unsplash