Сѐ уште не се поставени доволен број на камери на територијата на Град Скопје, но министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се надева дека во текот на 2025 година ќе имаат финална имплементација на проектот „Сејф сити“.
– Сѐ уште немаме целосна покриеност со технички уреди, односно камери на територијата на Град Скопје, како што е утврдено во проектната документација. Во наредниот период ќе следи имплементација согласно она што е договорено и е испланирано од претходно.Повеќе пати го имам објаснето значењето на „Сејф сити“ како проект, кои се бенефитите од имплементација на истиот и колку може порано да се имплементира овој проект, толку би било подобро за сите нас, имајќи предвид дека жртви на сообраќјни незгоди во Македонија на годишно ниво имаме со троцифрен број – рече Тошковски.