Почетна ЕкономијаНа израелските училиштата поврзани со терористички акти ќе им бидат одземени финансиите

На израелските училиштата поврзани со терористички акти ќе им бидат одземени финансиите

од nenad
1 минути читај за

– Кнесетот денеска усвои нацрт-закон според кој на образовните институции во Израел кои „се идентификуваат со терористички активности или организации“ ќе им се одземат фондовите.

Исто така предвидено е наставниците кои се осудени за терористички дела или кои јавно изразуваат поддршка за терористички напади веднаш ќе добијат отказ.

„За“ предлог-законот гласаа вкупно 55 од 120 членови на Кнесетот, додека 45 беа „против“.

Во образложението на нацрт-законот се споменува „феномен кој главно ги погодува училиштата во Источен Ерусалим“.

Израел го зазеде и подоцна го анектира источниот дел на Ерусалим, во кој доминираа Арапите, во 1967 година. Околу 20 проценти од 10-те милиони жители на Израел се Арапи.

Еврејско-арапската организација „Сикуј-Ауфок“ (Sikkuy-Aufoq), која се залага за еднаквост на сите граѓани во Израел, законот го опиша како „деструктивен“ чија цел е „прогон на учителите“.

 ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА