Скопски Вардар ќе го бара четвртиот тренер оваа полусезона, откако утринава отказ доби и Срѓан Захариевски. Се чини му пресуди вчерашниот пораз на „црвено-црните“ од Пелистер во Битола. „АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман, максималниот вложен труд и голема желба за успех.
За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени“ – стои во објавата на ФК Вардар на социјалната мрежа „Икс“. Захариевски не успеа да ги поправи резултатите на тимот. Вардар е последен на табелата во Првата лига со 8 освоени бодови. Во зимскиот преоден рок ќе бидат потребни сериозни промени и големи инвестиции во Вардар да излезе од дното на табелата.