85
Во домот на сопственикот на порталот “Доказ”, Марјан Стаменковски, вечерва влезе полицијата и врши претрес кој трае веќе неколку часа.
Според досегашните информации претресот е по налог на Основното јавно обвинителство Скопје со судско одобрение. Од домот на Стаменковски неофицијално се одземени мобилни телефони, компјутери и парични средства, а се преснимуваат и пораки.
Стаменковски веројатно ќе ја помине оваа ноќ во полициската станица во Карпош, за утре да биде изведен пред судија во претходна постапка.
Во домот на новинарот било повикано и возило на брзата помош.
Извор: Плусинфо