Македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, денеска почина на 52-годишна возраст, по долга и тешка битка со ракот.
Голем број имиња од македонската и регионална сцена, како и соработници, пријатели и обожаватели на неговото дело се поздравија со него за последен пат на социјалните мрежи. Меѓу нив е и српската пејачка Јелена Карлеуша, која неодамна гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров и се сретна со Василевски.
Поврзани објави
„Драг Зоран, ти испраќам последен поздрав. Последен поздрав од оваа планета, каде што нашите тела се смртни, пролазни, слаби. Но, среќен пат на вечниот лет, во енергијата и во светлината во која се престори. Среќна сум што те запознав, ми рекоа дека си ми голем обожавател и дека тоа ти била голема желба. Сега јас ќе гледам кон ѕвездите и ќе посакам нешто – ми должиш едно исполнување желба“, напиша Карлеуша на својот инстаграм профил, објавувајќи фотографија со Василевски и Лазаров од нивната последна средба.
Фото: Инстаграм Принтскрин @karleusastar