Капата долу за најдобрите пријателки во Холивуд.
Актерката Салма Хаек (58) блесна на доделувањето на WSJ Magazine Innovators Awards 2024, заедно со колешката Пенелопе Круз (50). Двете дами изгледаа феноменално, секоја на свој впечатлив начин.
Гламурозното дуо беше видено во Музејот на модерна уметност во Њујорк, а Салма Хаек привлекуваше внимание во долг, тесен, црвен фустан со длабоко деколте, кое го истакна целиот нејзин раскош.
Пенелопе Круз блесна во сребрено издание, нејзиниот фустан со смел висок шлиц ѝ ги истакна неверојатно згодните нозе.
Актерките на црвениот тепих покажаа дека се и блиски пријателки, па заедно позираа рака под рака. Во еден момент дури и се држеа за раце додека им се смешкаа на насобраните фотографи.
Поврзани објави
Нивното пријателство е едно од најдолготрајните во Холивуд и трае повеќе од две децении. Тие се запознале во Лос Анџелес на почетокот на 2000-тите и брзо се зближиле поради нивното заедничко мексиканско и шпанско потекло, како и поради претходните актерски искуства.
Фото: Инстаграм @salmahayek