Почетна Убавина и здравјеЅирнете во селската оаза на Милош Биковиќ – актерот инвестира пари во овоштарник и огромен имот

Ѕирнете во селската оаза на Милош Биковиќ – актерот инвестира пари во овоштарник и огромен имот

од nenad
2 минути читај за

Актерот со сите сили се труди што повеќе да му се посвети на ова селско катче.

Милош Биковиќ го нашол своето засолниште на имотот во питомата природа крај Ваљево, недалеку од манастирот Јовање, каде што како старешина служи неговиот брат Михаило.

Ова затскриено место на Биковиќ му нуди мир и одмор подалеку од градскиот метеж, но откако ја купил викендица, се соочува со непланирани предизвици.

Кога почнал да го уредува дворот, нашол вистинска колонија на змии која го принудила сериозно да ја приспособи околината. Зад главната куќа, на имотот имало и мала земјена колиба, која Милош особено ја сака и се надева дека ќе ја зачува во првобитната состојба.

Сепак, времето го зеде својот данок, па покрај желбата да се зачува колибата, староста и нестабилната структура го принудија да донесе тешка одлука. Наместо зачувување, тој мораше да пристапи кон реновирање за ова природно засолниште за да ја исполни својата визија за спокојство и бегство во природата.


Поврзани објави

Одзади беше куќичка која ја кутнав со боздоган. Стара, земјена куќа која сакав да ја зачувам токму затоа што е стара и земјена, но ѝ немаше помош. Подобро јас да ја урнам, отколку таа да се сруши – признава Милош.

Имотот е голем, со овоштарник, двор со багреми и амбар, а актерот се труди да вложи пари и енергија за негово одржување.

Има многу работа на имотот, ова е куќа од тули, има стар мебел, сакам да го зачувам… Оваа роза ја преместивме со багер за да не ја уништиме. Долу има овоштарник, ископана нива и амбар… Нешто ја нападна црешата, не знам што, имам и сливи од стара сорта, тука имаше и бара со змии, не можеше да се помине, па го покосивме. Беше страшно, имаше змии колку сакаш. Кога дојдов, беа по три на ден и тоа поскоци, сега ги нема, посипавме со хлор да ги избркаме, не е најздраво, но моравме... – откри Милош.

Фото: Youtube printscreen/RT