Почетна Убавина и здравјеОва е единствената диета која му дала одлични резултати – Убавина и здравје

Ова е единствената диета која му дала одлични резултати – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Диетата на Жељко Јоксимовиќ е ефикасна и без гладување.

Пејачот Жељко Јоксимовиќ со години изгледа фантастично, а многумина го фалат дека се подмладил. Иако влезе во шестата деценија, изгледа времето застанало за него.

Жељко еднаш откри детали од секојдневните навики во исхраната, кои му помагаат да се чувствува здраво.

Денот го почнувам со тост во комбинација со различни состојки, авокадо, крем-сирење, чаден лосос, јајца и друго. По појадокот, завршувам со јаглехидратите во денот. Јадам само протеини и зеленчук, а шеќерот целосно го исфрлив од исхраната – откри Јоксимовиќ.

Жељко открива дека белиот шеќер е неговиот најголем непријател и дека со текот на времето се навикнал да не го внесува во телото.

Секако, јадам нешто слатко еднаш во неколку месеци. Што се однесува до другите навики во исхраната, јадам на секои пет часа и се трудам по секоја цена да избегнам закиселување на организмот, бидејќи тоа се покажа како најголем проблем за мојот организам – изјави тој.


Поврзани објави

Покрај здравата исхрана, редовното вежбање е задолжително, а покрај одењето во фитнес-центар, Жељко претпочита и други видови спортски активности.

Вежбам редовно и комбинирам различни видови вежби. На пример, сакам велосипед, возам по десетина километри дневно, а често возам повеќе од тоа низ Белград“, рече тој, па додаде:

Во нашиот главен град има многу места за возење велосипед, а езерото Ада Циганлија е еден од моите избори. Покрај возењето велосипед, пливам најмалку трипати неделно и одам во теретана на секои два дена. Имам пријатели кои се фитнес тренери и вежбаме заедно, што ми овозможува да ги спроведувам најдобрите програми за телото и за работата што ја работам – открива Жељко за Hello.rs.

Фото: Инстаграм (@zzeljko)