Почетна ТехнологијаЛевица: Политиките на Мицкоски и Дурмиши ја носат Македонија кон економски колапс

Левица: Политиките на Мицкоски и Дурмиши ја носат Македонија кон економски колапс

од nenad
1 минути читај за




„Претседателот на Владата на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, Христијан Мицкоски, и министерот за економија, Бесар Дурмиши, се директно одговорни за продлабочувањето на економската криза која го погодува македонскиот народ. Граѓаните секојдневно се соочуваат со растечка инфлација, невработеност и незаштитеност. Најголем удар им е зголемувањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите, додека Владата на Мицкоски и министерството предводено од Дурмиши не преземаат ништо конкретно за да го олеснат овој товар“, обвинуваат од Левица.

Партијата предлага јасна и конкретна алтернатива која ќе ги заштити интересите на граѓаните и работничката класа. Од партијата тврдат дека индустриското производство опаѓа, реалната невработеност расте, административните процеси се блокирани од неефикасност и лошо управување и државата станува сè позависна од меѓународните финансиски институции, што ја загрозува нашата економска сувереност.

Наместо да се фокусираме на краткорочни мерки кои водат кон дополнително задолжување, ние бараме итна преориентација кон поддршка на домашното производство, инвестиции во обновливи извори на енергија и ЗАШТИТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ РЕСУРСИ. Владата мора да почне да се грижи за своите граѓани, а не само за странските корпорации.

Повикуваме на итно преиспитување на сегашната економска политика на Дурмиши и воведување на мерки кои ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните и ќе ја обезбедат економската независност на Република Македонија, велат од партијата на Димитар Апасиев. Според Левица, Владата ја носи државата на раб на економски колапс. Наместо ефективни долгорочни мерки, нè соочуваат со импровизации кои го продлабочуваат проблемот. Неуспехот да се контролира инфлацијата и да се заштитат најранливите категории на граѓани е неприфатлив и мора да се понесе одговорност, порачаа меѓу другото од опозициската партија.