Следете ги советите на експертите за искуството со филерот да биде онака како што замислувате и да го постигнете ефектот на полни и симетрични усни.
Инјектирање на усните е брз и ефикасен начин за корекција на промените поврзани со возраста или промена на вашиот изглед. И додека методите варираат од личност до личност, во зависност од индивидуалната анатомија и посакуваните резултати, постојат голем број работи што треба да се избегнуваат по апликација на филери.
Еве на што треба да внимавате во периодот на заздравување:
1. Штети и повреди
Важно е да ги заштитите усните од каква било повреда или оштетување, вклучително и триење или гризење на усните. Во спротивно, за да го намалите отокот и болката, можете да ставите облоги со мраз на усните.
2.Консумација на алкохол
За да ја намалите можноста за појава на модринки, треба да избегнувате алкохол во првите 24 до 48 часа по корекција на усните. Од истата причина, мора да избегнувате алкохол неколку дена пред постапката.
Поврзани објави
3.Пиење преку сламка
Експертите забележуваат дека е најдобро да се избегнува пиење преку сламка два дена по инјектирање на филер за усни. Притисокот и движењето потребни за користење на сламка може да доведат до деформитети на усните.
4.Бакнување
Според експертите, бакнувањето може да ја попречи правилната дистрибуција и фиксација на филерите во усните. Затоа е подобро да избегнувате бакнување најмалку 24 часа по третманот.
5.Спиење со лицето нурнато во перницата
По третманот се препорачува избегнување на какви било активности кои вршат директен притисок врз лицето, како што е спиење со нурната глава во перницата. Ова може да предизвика поместување на филерот. По постапката, треба да спиете на грб најмалку една недела. Откако вашите усни ќе се вратат во нормала, можете да се вратите во вашата нормална положба на спиење.
Фото: Freepik.com