Почетна Убавина и здравјеКако да слабеете на здрав начин? Додадете ги овие работи во вашата рутина и ќе постигнете одлични резултати!

Како да слабеете на здрав начин? Додадете ги овие работи во вашата рутина и ќе постигнете одлични резултати!

од nenad
2 минути читај за

Заборавете ги ригорозните диети и насочете се кон здраво слабеење со помош на правилна и балансирана исхрана и вежбање, послушајте ги овие совети за да ги постигнете посакуваните резултати:

Следете го правилото „80:20“

Секојдневно, 80% од консумираната храна треба да биде здрава, а 20% од внесените калории може да бидат забавно честење со омилените јадења. На тој начин нема да се чувствувате како да сте лишени од примамливата храна и ќе имате повеќе сила да им одолеете на искушенијата.

Зборувајте си позитивно

Кога си велите „морам да… (јадам салата, вежбам по 30 минути)“ или „не смеам да… (каснам торта, да си порачам помфрит)“, вие се чувствувате како принудени да направите нешто, во вас се буди бунтовничкиот дух, па кога-тогаш сè ќе ви дојде преку глава и ќе се откажете од идејата за здраво слабеење. Но, ако си велите „Нема да си порачам помфрит“ или „Нема да го прескокнам вежбањето“, вие всушност си потенцирате дека имате избор и дека ја избирате подобрата опција, т.е. да водите здрав живот.

Секој ден каснувајте по еден портокал/грејпфрут/лимон

Витаминот Ц го намалува лачењето на кортизолот, односно хормонот којшто го советува телото да складира масти. Во појадокот вклучете барем неколку парчиња грејпфрут.

Јадете почесто мисирка/пиле/риба

Поврзани објави

Тие меса се одличен извор на здрави протеини кои ќе ви го зачуваат чувството на ситост подолго време. Во нивниот состав влегуваат амино киселини кои се основа при градењето на мускули.

Нарачувајте мудро во ресторан

Нарачајте без да го читате менито. Сите ресторани ги имаат основните јадења кои се добри за линијата – пилешки стек или риба, салата, зеленчуков микс.

Пијте вода додека урината не ви наликува на лимонада

Хидратацијата може да го намали гладот и да го забрза метаболизмот со 3%.

Кажете му ДА на црното чоколадо

Жените не можат да живеат без слатко, а црното чоколадо кое содржи над 60-70% какао е одличен избор за задоволување на нескротливата желба за благо. Умерената консумација на црно чоколадо е препорачлива во процесот на слабеење, основно затоа што содржи многу антиоксиданси.

Откако ќе се најадете во ресторан, посолете ја храната за да не продолжите да мезите

Најадете се од порачаната храна и кога ќе почувствувате дека стомакот ви е полн, или подарете му ја на некој што е желен да ја доврши, или посолете ја за да не продолжите да боцкате во преостанатиот дел од вечерта. На тој начин, значително ќе го намалите бројот на внесени калории.