Почетна Македонија(ВИДЕО) Доктор Балевски: Со ТАВИ постапка без операција, се менува залисток на аорта

(ВИДЕО) Доктор Балевски: Со ТАВИ постапка без операција, се менува залисток на аорта

од nenad
1 минути читај за




Колку кардиолошки болести има во државава? Колку Македонци годишно заболуваат и умираат од нив? Дали има процедури што лекуваат, кои се интервентни, меѓу тоа не се оперативни? Утрово одговори на овие, но и на други прашања поврзани со болестите на срце, во емисијата „Слободен печат“ побаравме од еминентниот кардиолог од Словенија кој се приклучува на тимот кардиолози од „Аџибадем Систина“, доктор Игор Балевски.

Целта на моето доаѓање и активирање во Аџибадем Систина е заедно со колегите што работат на одделението за кардиологија да направиме еден добар, моќен, јак, стручен кардиолошки тим за да ги покриеме сите делови од кардиологијата, бидејќи модерната кардиологија е многу широка област. Мора да се направи напреден европски центар за срце каде што пациентите можат да дојдат и да ги решат сите проблеми со овој витален орган, од наједноставни до најкомплексни – вели Балевски. Тој објаснува дека е експерт за операции поврзани со аномалии на аортната стеноза.

Аортната стеноза е болест кај постари луѓе. Около 8-10% стари луѓе ја имаат таа болест. Ако симптомите не се откријат на време, смртността нагло станува висока. Практично за 5 години, умираат скоро 100%. Ако се открие навреме, може да се отстрани аномалијата со хируршка замена, или ова што јас го правам, без операција да се стави залисток. Ако се направи ова навреме, преживувањето е практично исто како кај здрав човек – вели Балевски. Според него, лекувањето на аортната стеноза е многу корисно и го подобрува и продолжува животот.