Викторија Бекам е модна икона која поставува модна правила, па во согласност со тоа, одлучила да ја облече и својата ќерка
Харпер Бекам веќе има 13 години и буквално порасна под светлината на рефлекторите. Во првите години од животот, Викторија Бекам ја водеше со себе како еден вид моден додаток, додека сега повеќе ја доживува како најдобра пријателка.
50-годишната дизајнерка отишла толку далеку што почнала да шие фустани за својата ќерка, кои според многумина се провокативни и воопшто не се вистинскиот избор на облека за тинејџерка.
Така било и овој пат, кога мајката и ќерката се појавиле на промоција на козметички бренд. Викторија за таа пригода облекла црн свилен фустан, додека својата ќерка ја облекла во розов фустан со дезен на форми на женско тело.
Таа ја споделила оваа фотографија на Инстаграм, а нејзините следбеници веднаш почнале да ја критикуваат:
Поврзани објави
„Зошто е облечена како да има 18 години?“, „Ова е неприфатливо“, „Сè уште е млада“…
Покрај овие коментари, имало и такви кои тврделе дека Харпер сигурно сама си ја одбира облеката и дека Викторија сигурно нема голем избор, бидејќи сите знаеме колку се своеглави тинејџерите.
Што мислите вие? Дали Харпер Бекам се облекува непримерно за своите години?
ФОТО: Инстаграм @victoriabeckham