Актерот вели дека преку недела живее здраво, а за викенд „греши како луд“
Бред Пит со години важи за еден од најпожелните актери, а сега открил и која е тајната на неговиот изглед на прагот од седмата деценија од животот.
Веќе долго се шпекулира дека холивудскиот заводник одлучил да легне „под нож“, што тој сè уште го нема потврдено, напротив, упорно истакнува дека за неговиот младешки изглед заслужен е само здравиот начин на живот.
А на прашањето која е тајната на младешкиот изглед, тој открил:
„Тајната на убавината? Хм, живееш здраво за време на работните денови, а потоа, за викенд ‘грешиш како луд’. Јас одбирам пица.“
Неговиот одговор предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, бидејќи корисниците сметаат дека актерот лаже и многумина се уверени дека го затегнувал лицето.
Други, пак, мислат дека Пит уште одамна ја има пронајдено фонтаната на младоста, од која пие вода.
Од друга страна, во интервју за Tiger Beat од 1996 година, Пит открил дека постојат многу малку мажи што ги почитува и кои му се омилени актери во филмската индустрија.
„Ги ценам постарите филмови, бидејќи прикажуваат мажи кои се борат за своите принципи. Како Роберт Редфорд. Тоа е човекот кон кого другите мажи тежнееја, а жените посакуваа сите мажи да бидат како него“, рекол тој.
Поврзани објави
Не е ни чудо што токму овој колега го зел за пример, бидејќи со години се зборува колку личат двајцата актери, па се верува дека токму тој е неговиот идол.
Меѓутоа, и покрај фактот што изгледот игра голема улога во круговите на славните, Пит верува дека најголемите ѕвезди не се оние што важат за секс-симболи.
„Кога ќе видите некој, дали се фокусирате само на неговиот изглед? Тоа е само првиот впечаток. Кога некој нема веднаш да ви фати око, туку подоцна ќе разговарате со него, лесно може да ви стане најубавата личност на светот“, објаснил тој.
Актерот истакнал дека убавината не е секогаш поврзана со класичните стандарди и открил која е неговата омилена актерка:
„Ќе ви кажам која е мојата омилена актерка: Дајан Вист. А неа не би ја нарекле секс-симбол. Но за мене, Дајан Вист е најубавата жена на филмското платно“.
ФОТО: Инстаграм, Пинтрест