Почетна ЕкономијаСе гради повеќенаменски објект во кавадаречко Дреново 

Се гради повеќенаменски објект во кавадаречко Дреново 

од nenad
0 минути читај за

16/10/2024
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


Во тек е изградбата на повеќенаменскиот објект во кавадаречкото  село Дреново, информираа попладнево од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

 – Објектот е на површина од 530 квадратни метри, од кои само за спорт, рекреација и културни манифестации се предвидени 360 квадратни метри, додека останатиот дел ќе биде наменет за соблекувални, тоалети и една деловна просторија за потребите на Месната заедница Дреново, појаснија од Кабинетот на градоначалникот.

 Оттаму додадоа дека инвестицијата во висина од 30 милиони денари е на Општина Кавадарци. свд/мд/Фото: Локална самоуправа Кавадарци  .

Извор: МИА