Леди Гага многу ослабела за улогата во „Џокер“, а нејзиниот готвач открил како се хранела пејачката
Леди Гага се испроба во актерските води и ја воодушеви публиката со улогата во филмот „Џокер: Лудило во двојка“. Многумина забележаа дека Гага ја довела линијата до совршенство и дека ослабела поради улогата, што и самата таа го потврдила.
„Се трансформиравме во нашите ликови одреден временски период и продолживме да го усовршуваме секој детаљ“, открила Гага.
Леди Гага не ги открила деталите околу тоа како ослабела за улогата, но има споделувано по некоја информација за својот целосен план на исхрана.
Нејзиниот личен готвач Бо О’Конор претходно има изјавено дека Гага „јаде авантуристички“, иако се труди да одбегнува ултрапреработена храна и производи од бело брашно.
„Појадокот ѝ се заснова на храна како јајца или белки со многу зеленчук, а понекогаш и грчки јогурт со здрава гранола.
Ако е расположена за француски тост или нешто слатко, приготвуваме поздрава верзија на тоа јадење“, открил О’Конор.
Поврзани објави
Исто така, пие многу чај, свежа кокосова вода и свеж зелен сок.
Ручекот обично ѝ се состои од обилна салата.
„Секогаш јаде салата во текот на денот, без разлика дали за ручек или за вечера“, додал нејзиниот готвач.
За вечера, Гага јаде тестенини без глутен или киноа со зеленчук и ракчиња на жар.
Покрај тоа што следи здрав план на исхрана, Гага редовно вежба и со години работи со познатиот тренер Харли Пастернак. Тие обично прават 35-минутни тренинзи за сила пет дена во неделата, додека Гага ги исполнува кардиовежбите со своите настапи.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @ladygaga