Почетна Економија8 активни пожари во Македонија: Огнот гори во Студеничани, Македонски Брод, Велес, Струга и уште неколку општини

8 активни пожари во Македонија: Огнот гори во Студеничани, Македонски Брод, Велес, Струга и уште неколку општини

од nenad
2 минути читај за

ЦУК попладнево информираше дека до 18 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, два се ставени под контрола, а десет се целосно изгаснати.

Најголем број активни пожари има во различни делови од земјата, при што на повеќе локации гори ниска вегетација, грмушки и шумски површини.

Активни се пожарите во Моране – Вртекица – Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, како и во подрачјата на Драгов Дол и Локвица во Македонски Брод, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Пожари има и кај село С’лп во Велес, каде се зафатени ниска вегетација и ретка дабова шума, како и кај Копанце во Јегуновце, каде гори шума.

Активен пожар е регистриран и во Делогожда, Струга, а огнени линии има и на потегот Борино – Житоше во Крушево, каде се зафатени ниска вегетација и дабова шума.

Во Тополчани, Прилеп, пожарот зафатил стрниште и ниска вегетација, додека активен пожар има и во Мирковци, Чучер Сандево, каде гори ниска вегетација и ниви.

два пожари ставени под контрола

Според информациите на Центарот за управување со кризи, под контрола се пожарите во подрачјето Алданци – Норово во Крушево, каде е зафатена нискостеблеста деградирана дабова шума, и на градската депонија во Делчево.

десет пожари целосно изгаснати

Во текот на денот пожарникарите и останатите ангажирани служби успеале да изгаснат десет пожари.

Меѓу нив се пожарите кај Лознани и Вашарејца во Могила, Маково – Црничани – Брник во Новаци, Лопатица во Битола, Алинци во Прилеп, Ташмаруништа во Струга, Зајас во Кичево, Сушево во Штип, Новосељане во Куманово, Младо Нагоричане во Старо Нагоричане и пожарот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово.

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата на терен, особено поради високите температури и опасноста од повторно активирање на пожарите во сувите и шумски подрачја.

Граѓаните се повикуваат на максимална внимателност и да не преземаат активности на отворен простор кои можат да предизвикаат пожар.