79-годишник со мопед е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје.
– На 10.07.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 11.50 часот на крстосницата на ул.„Радишанска“ и ул.„Бел камен“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од В.М.(57) од Р.Албанија и мопед управуван од М.Р.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата во дневниот билтен. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.