105
Триесетгодишниот Монгкол Тиракот првично бил осуден на 28 години за коментарите што ги објавил пред три години на Фејсбук, но денеска апелациониот суд му додаде уште 22 години на казната.Законот за навреда на величеството на Тајланд го криминализира секој негативен коментар за монархијата, и иако е критикуван со години, тој сè уште е на сила.
Деталите за тоа што довело до толку строга казна за Тиракот, продавач на облека од провинцијата Чианг Раи, сè уште не се познати. Судијата се повикал на повеќе коментари на Фејсбук, а тајландските судови обично ги заоструваат казните за секоја дополнителна поединечна објава.
Законот за навреда на монархијата бил накратко суспендиран на почетокот на владеењето на кралот Ваџиралонгкорн во 2019 година, но повторно е во употреба по избувнувањето на студентските протести пред три години, кои повикаа на голема реформа на монархистичкиот систем во земјата.