Почетна МакедонијаПелистер ќе игра против тимот на Никола Јокиќ

Пелистер ќе игра против тимот на Никола Јокиќ

од nenad
1 минути читај за




Tимот на Врашац преку сооопштение го откажа својот настап во АБА2 лигата, но организаторите брзо реагираа и најдоа замена. Во натпреварувањето влегува Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор кој е во сопственост на Никола Јокиќ. Прво покана за настап во АБА2 доби Слобода Ужица, но тие ја одбија бидејќи требаше да платат 25.000 евра за учеството. Од Џокер ја искористијата можноста и за првпат во својата кратка историја ќе се појават на меѓународна сцена.

Станува збор за клуб кој е формиран во 2002 година под името СО Кош, а во 2017 година Јокиќ го презема и го преименува во Џокер поради неговиот прекар. Во претходните четири години два пати учествуваа во завршницата на Купот на Србија, а беа одлични и во српските лиги. Џокер ќе биде сместен во групата во која се наоѓа и македонскиот вицешампион Пелистер. Дебито на меѓународна сцена клубот од Сомбор ќе го има на 2 октомври кога ќе гостува на Подгорица. Тренер на тимот е некогашниот предводник на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ.