Наоѓањето вистинска содржина за отклучување на каналите за солзи е деликатна наука. Затоа, ви подготвивме листа од 5 тажни романси кои ќе ви ја донесат катарзата што ја посакувате.
Доколку имате потреба да се ослободите од емоциите и сакате да се исплачете, овие филмови со сигурност ќе помогнат во тоа.
„ A Walk to Remember ”
Двајца млади луѓе од различни светови ја наоѓаат љубовта среде трагедија. Тоа е трогателна приказна за простувањето и моќта на љубовта.
„ 500 Days of Summer ”
Го доловува воодушевувањето од заљубувањето, болката од неисполнетите очекувања и чувството на кршење на срцето.
„ A Star is Born ”
Поврзани објави
Менталното здравје игра голема улога во овој филм, од борби со алкохолизам и зависност од дрога, до депресија и неможност за себе сакање.
„ Marriage Story ”
Сурова, емотивна и страшно реалистична прикиазна за брак која ги отсликува предизвиците на разводот помеѓу двајца луѓе кои сè уште се грижат еден за друг и сакаат да го прават она што е најдобро за своето дете.
„ Me Before You ”
Главниот лик одлучува да изврши самоубиство и покрај тоа што се вљубува. Овој филм ја претставува борбата на луѓето да најдат причина за да живеат.
Фото: Freepik.com