Ниту еден десерт не ѝ е рамен на посната штрудла со афион
Оваа посна штрудла со афион е повкусна од секоја друга. Полна е со ореви, џем и афион, а останува тазе и мека дури и утредента.
Состојки:
За филот:
- 300 мл чај од јагода
- 400 г мелен афион
- 150-200 г шеќер
- 4 лажици џем
- 100 г суво грозје
- 150 г мелени орева
- по потреба додајте уште 50-100 мл чај или стопен посен маргарин
За тестото:
Поврзани објави
- 500 г брашно
- 5 лажици шеќер
- 15 г квасец
- 1 прашок за печиво
- 125 г посен маргарин + 50 г за премачкување
- 200-250 мл вода
- кора од 1 лимон
- прстофат сол
Приготвување:
Пригответе го филот така што прво ќе сварите чај од јагода. Потоа, ќе измешате афион, ореви, шеќер и џем, па ќе го додадете врелиот чај да го попари афионот. Кога сето тоа убаво ќе го измешате, пригответе го тестото.
Пригответе го тестото така што ќе го активирате квасецот со вода и шеќер. Измешајте брашно и прашок за печиво, додајте маргарин, лимонов сок, активираниот квасец и вода. Кога убаво ќе го замесите сето тоа, расучете го тестото што потенко и богато премачкајте го со фил. Ставете го во млака или оладена рерна, па печете на 180 степени Целзиусови.
ФОТО: pasja1000 / Pixabay