Почетна Економија45 милиони денари сопствени приходи и проектни средства за развој и заштита на Национален парк „Галичица“ – отчет на директорката Фросе Ѓоргиевска

45 милиони денари сопствени приходи и проектни средства за развој и заштита на Национален парк „Галичица“ – отчет на директорката Фросе Ѓоргиевска

од nenad
2 минути читај за

Како дел од двогодишниот институционален преглед на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, беше претставена работата на ЈУ Национален парк „Галичица“. Се презентираа конкретни постигнувања во финансиското работење, инвестициите, унапредувањето на туризмот и заштитата на природното наследство, што е истакнато во соопштение од ЗНАМ, кое МИА го пренесува во целост.

Во 2025 година, Националниот парк генерираше приходи од 9,9 милиони денари од продажба на влезници. Ова претставува највисоко ниво од воспоставувањето на системот за наплата. Дополнителни 1,1 милион денари беа обезбедени преку договори со субјекти кои вршат дејност во заштитеното подрачје.

Вкупните сопствени приходи за периодот од две години достигнаа околу 29 милиони денари. Дополнителни 16 милиони денари беа обезбедени преку реализација на проекти.

Овие финансиски средства се насочуваат кон подобрување на туристичката инфраструктура. Извршени се инвестиции на локалитетот „Липона Ливада“, а продолжуваат активностите за развој на туристичките капацитети, вклучувајќи ги и планираните понтонски пристаништа на Преспанското Езеро.

Важен аспект од работата е подготовката и реализацијата на европски и меѓународни проекти. Меѓу нив се издвојуваат Interreg Euro-MED, „Преспа – зелена и сина иницијатива“, како и апликациите за програмите HORIZON и LIFE4Galichica.

Истовремено, се зајакнува научно-истражувачката функција на Паркот преку соработка со Истражувачкиот центар за животна средина и материјали при МАНУ.

„Јавната функција за Движење ЗНАМ не претставува привилегија, туку одговорност која мора да се поткрепи со остварени резултати“, се наведува во соопштението.

Преку економично управување, зголемување на сопствените приходи и одговорно инвестирање во јавните ресурси, се демонстрира дека институциите можат да функционираат поефикасно, финансиски постабилно и со поголем фокус на интересите на државата и граѓаните.

„Галичица не е само природно богатство, туку национална вредност и обврска кон идните генерации. Нашата цел е да ја зачуваме, да ја развиваме и да оставиме посилна институција зад нас“, порачува отчетот.

Две години работа. Конкретни резултати. Една љубов – Македонија!

Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ
Фото: ЗНАМ

Извор: МИА