Table of Contents
Дознајте како правилно да одберете гардероба и обувки за совршен изглед
Одбегнувајте ги овие грешки по секоја цена. Ќе ви го нарушат изгледот и ќе направат да изгледате како да имате 5 килограми вишок.
1. Светли фармерки
Фармерките со избелени делови на бутовите прават и најслабите жени да изгледаат пополно. За да ја одбегнете оваа честа грешка, секогаш одбирајте потемни модели на фармерки кои ќе ѝ ласкаат на фигурата.
2. Претесна гардероба
Поврзани објави
Маиците, фустаните, здолништата или панталоните кои се претесни ќе направат визуелно да изгледате како да се борите со вишок килограми. Не водете се според величината на етикетата, бидејќи величините варираат од произведувач до произведувач, туку според тоа како ви стои парчето. Одбирањето модели што ве стегаат е најголемата грешка што можете да ја направите за вашиот изглед.
3. Ни премногу широка гардероба не е добро решение
Во последно време широките кроеви се во тренд, но ни тука не треба да претерувате. Исто како што тесната гардероба не е добра, така и прешироките модели не се паметен избор. Во нив ризикувате да изгледате неуредно и пополно. Доколку сакате „вреќести“ парчиња, внимавајте секогаш да ги комбинирате со парчиња кои се потесни. На пример, поширок џемпер и хеланки.
4. Одбирате погрешни обувки
Како што облеката може да ја направи фигурата нескладна, истото можат да го направат и обувките. Лошиот избор на модел може визуелно да ја скрати ногата и да направи да изгледа пополно. Одбегнувајте плитки чизми, сечени на средината на листот, заоблени обувки, а ако сте пониски, никако не сте за чизми преку колена. Доколку сакате нозете да ви изгледаат убаво, нема да погрешите со обувки со шпицест врв или модели со потпетица.