Почетна Вести32 санкционирани мотоциклисти на подрачјето на СВР Тетово

32 санкционирани мотоциклисти на подрачјето на СВР Тетово

од nenad
1 минути читај за




Во рамките на сообраќајно-контролните активности кои континуирано се реализираат на поширокото полошко подрачје, вчера (12.07.2023) беше спроведена уште една од серијата контроли на мотоциклисти.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 32 прекршоци (ТЕ-25 и ГВ-7). Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-13 и ГВ-4) се однесувале на некористење на заштитни шлемови, 10 мотоциклисти (ТЕ-8 и ГВ-2) не поседувале возачки дозволи, а 5 (ТЕ-4 и ГВ-1) имале истечена осигурителна полиса.
На сите им се изготвени законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот, се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност.