Почетна Убавина и здравје3-годишно дете умрело од глад – родителите го измачувале со месеци тврдејќи дека во него се крие ѓаволот виновен за…

3-годишно дете умрело од глад – родителите го измачувале со месеци тврдејќи дека во него се крие ѓаволот виновен за…

од nenad
1 минути читај за

Тригодишниот Елијас почина во регионот Тирол, Австрија, по повеќемесечно сурово малтретирање од страна на своите родители.

Според обвинителството, момчето било изложено на екстремно насилство, не добивало храна ниту вода и било затворано во темница или врзувано, додека неговите родители ги игнорирале неговите основни потреби.

Таткото и мајката, за кои се тврди дека имаат садистички нарушувања на личноста, признале дека го малтретирале Елијас месеци пред тој да го изгуби животот поради неухранетост, глад и жед.

Во домот каде што живееле, според обвинителството, момчето било тепано, врзувано и затворано во темница, често и голо затворано во фиока со денови.

Кога Елијас починал, тој тежел само околу седум килограми, што е помалку од половина од нормалната телесна тежина за неговата возраст, според медицинските и судските документи.

Според тврдењата на обвинителството, родителите живееле во тешка финансиска ситуација. Тие се повлекле во свет на фантазијата и сметале дека ѓаволот во телото на нивниот син е виновен за нивната судбина. Според вештачењето, таткото и мајката се премсетливи, но имаат садистичко нарушување на личноста.

Надлежните обвинители ја квалификуваа оваа смрт како убиство со екстремно малтретирање. На родителите им се заканува доживотен затвор доколку бидат прогласени за виновни, а обвинението за убиство, малтретирање и лишување од слобода веќе е подготвено.

Фото: Printscreen