Почетна Убавина и здравје24 години е во брак со Енрике Иглесијас – Убавина и здравје

24 години е во брак со Енрике Иглесијас – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Ана Курникова и Енрике Иглесијас го добиле четвртото дете, а поранешната тенисерка ја споделила оваа среќна вест на Инстаграм

Ана Курникова неодамна била фотографирана со голем, труднички стомак, додека ги носела децата на училиште. А сега и самата тенисерка објавила дека на 44 години родила четврто дете. Бебето на славната двојка се родило во елитно породилиште на Мајами.

Судејќи по фотографиите, Иглесијас и Курникова добиле момче. Името на новороденчето сè уште не е познато. Бебето се родило на 17 декември, но поранешната тенисерка одлучила да им го соопшти тоа на своите обожаватели цела недела подоцна.

„Ова е најпрекрасниот момент пред Божиќ. Ви го честитаме од срце!“, „Нека биде најсреќен и голем да расте!“, „Нека стане шампион како мајка му и талентиран пејач како татко му“, обожавателите веднаш почнале да ѝ честитаат на социјалните мрежи.

Љубовната приказна на Ана и Енрике

Поврзани објави

Ана Курникова и Енрике Иглесијас веќе 24 години се заедно. Досега имаа три деца. На 16 декември 2017 година добиле близнаци, синот Николас и ќерката Луси, а на 30 јануари 2020 година ја добиле ќерката Мери. Откако се пензионира од професионалниот спорт, Ана претпочита да води приватен живот. Ретко се појавува во јавност, ретко споделува фотографии од своите деца, а обожавателите на спортската ѕвезда дознаа за нејзината венчавка дури откако самиот Енрике го откри тоа во едно интервју.

„Не ми требаат никакви гласни забави; не сакам да бидам постојано во јавност. Ана целосно ме поддржува во тој поглед. Таа не е ‘гламурозна убавица со пет ѕвездички’“, признал пејачот.

Курникова е поранешна светска тенисерка број 1 во пар, двократна шампионка на Аустралиан Опен во пар и двократна шампионка на ВТА финалето во пар (сите четири пати со Мартина Хингис).

ФОТО: ИНСТАГРАМ