Според Обвинителството, четворицата обвинети организирале пренос на 99 килограми од марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – првото возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второто возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. По наредба да запрат на улицата „Скупи“, првото возило побегнало, а останатите две полицијата ги сопрела и нашла картонските кутии со марихуана. По извршен претрес во автосервисот била пронајдена и останатата количина
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против четири лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Еден од обвинетите се гони и за кривично дело – Неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје.
Четворицата обвинети, тројца мажи и една жена, се роднински поврзани. Тие во автосервис во Ѓорче Петров, заради продажба држеле околу 133 килограми марихуана. Од нив, на 2 мај спакувале околу 99 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба. Се организирале и транспорт, но на улица ги запрела полиција.
„Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во авто сервисот. Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – првото возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второто возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата ‘Скупи’, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во авто сервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола“соопшти Обвинителството.Четворицата добиле мерка притвор, а со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на притворските мерки, бидејќи сè уште постојат законските основи – опасност од бегство и можност да го повторат делото.
var penciCommentCallback = function ( response ) { jQuery.ajax( { type: 'GET', dataType: 'json', url: 'https://maktel.mk/wp-admin/admin-ajax.php', data: { action: 'penci_clear_fbcomments', post_id: '' } } ) };
FB.Event.subscribe( 'comment.create', penciCommentCallback ); FB.Event.subscribe( 'comment.remove', penciCommentCallback ); }; (function ( d, s, id ) { var js, fjs = d.getElementsByTagName( s )[0]; if ( d.getElementById( id ) ) { return; } js = d.createElement( s ); js.id = id; js.src="https://connect.facebook.net/en_US/sdk.js#xfbml=1&version=v3.0&appId=348280475330978&autoLogAppEvents=1"; fjs.parentNode.insertBefore( js, fjs );
window.fbAsyncInit = function () { FB.init( { appId: '348280475330978', autoLogAppEvents: true, xfbml: true, version: 'v3.0' } ); };
}( document, 'script', 'facebook-jssdk' ));


