Тој кажа дека во опасност биле и самите пожарникари.Пожарот избувна денес на ридот близу Манастирот Свети Ѓорѓија, во близина на селата Врбица и Соколарци. При противпожарната акцијата, е елиминирана опасноста по селата и манастирот.
Од ЦУК велат дека повеќето кракови од пожарот се изгаснати или локализирани, а само еден крак, во правец на месноста Буниш се уште гори, претежно трева и нискостеблести растенија.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кажа дека тревата горела многу бргу и огнот се заканувал кон населеното место, па за таа цел ангажирани биле ертракторите, хеликоптерот на МВР, а пожарот се гаснел и од земја.Три екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани итно биле упатени на терен, а повикани биле и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Како што објаснија од ЦУК, пожарот имал повеќе кракови, а променливиот ветер и по правец и по силина ги разгорувал на различни страни.

„Со воздухопловите – прво со „ер тракторите“ на ДЗС, па цело време со хеликоптерите на МВР и пожарникарите по земја, моментно се одлучуваше и се одеше од крак до крак и се гаснеше со мали мобилни тимови директно место по место“, велат од ЦУК.