80
По повод 120 години од Илинденското востание и 130 години ВМРО, делегација на политичката партија Обединети за Македонија оддаде почит кај споменикот на големиот револуционер Дамјан Груев. Напишано во Уставот на историското ВМРО, идејата за слобода на целиот македонски народ, без разлика на вера, националност, пол и убедување нека ни бидат водилка за обединување и просперитет на сите граѓани на нашата држава. Со почит кон минатото, но и со цел за подобра иднина за нашиот народ, продолжуваме со нашите активности насекаде низ Македонија. Нека ни е честит Илинден, нека ни е вечен идеалот на ВМРО!