Почетна Македонија10 години од прогласувањето на Мајка Тереза за светица 

10 години од прогласувањето на Мајка Тереза за светица 

од nenad
1 минути читај за

На 4 септември 2026 година се одбележуваат 10 години од прогласувањето за светица на Мајка Тереза, една од најпознатите личности со албанско потекло, која стана светски симбол на хуманоста, љубовта и помошта кон најсиромашните.

На 4 септември 2016 година, на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата Франциск ја прогласи за светица Ањезе Гонџа Бојаџиу, родена е на 26 август 1910 година во Скопје, Македонија, по потекло е од албанско семејство.

Целиот свој живот го посвети на помагањето на сиромашните, болните, напуштените и најранливите луѓе. Преку основањето и работата на Мисионерките на милосрдието, нејзината хуманитарна мисија се прошири во голем број земји низ светот.

За својата посветеност и хуманитарна работа, Мајка Тереза доби бројни меѓународни признанија, меѓу кои и Нобеловата награда за мир во 1979 година.

И десет години по нејзиното прогласување за светица, нејзиното име продолжува да биде симбол на љубовта кон човекот, солидарноста и грижата за оние на кои им е најпотребна помош.

Мајка Тереза останува една од најзначајните личности со албанско потекло, која со своето дело го прослави своето име и местото од кое потекнува пред целиот свет.

4 септември 2016 – 4 септември 2026: 10 години од прогласувањето за светица на Мајка Тереза – 10 години светост, хуманост и инспирација.


Post Views: 118