По повод роденденот и годишнината од албумот „B’Day“, на официјалната продавница се појави колекционерски предмет кој предизвика лавина реакции.
Бијонсе неодамна го прослави својот 45. роденден, а истовремено беше одбележана и 20-годишнината од нејзиниот втор студиски албум „B’Day“. Но, наместо само музиката, вниманието го привлече еден необичен производ во нејзината официјална понуда.
Станува збор за „Bey Keeper Collector’s Box“, луксузно изработена дрвена кутија со цена од околу 840 евра. Најинтересниот детаљ е што кутијата се продава празна – наменета е обожавателите сами да ја користат за чување и изложување на својата винил колекција.
Токму цената предизвика најмногу реакции на интернет. Додека дел од фановите ја гледаат како ексклузивен колекционерски предмет, други се прашуваат дали една празна кутија навистина вреди стотици евра.
Поврзани објави
Бијонсе и претходно своите музички проекти ги поврзувала со внимателно дизајнирана ексклузивна стока, наменета за најголемите обожаватели. Сепак, овојпат коментарите се особено гласни – дел од фановите во шега велат дека за оваа сума очекувале барем винил, албум или некој дополнителен подарок.
printskrin youtube