Во оваа прилика се огласија и организаторите на концертот…
Концертот во чест на легендата Бора Чорба, кој неодамна не напушти, требаше да се одржи на 2 ноември во Белград, но сепак беше откажан.
Според локалните медиуми, семејството и членовите на бендот не се согласиле околу тоа да има продажба на билети.
Во оваа прилика се огласија и организаторите на концертот.
Ве известуваме дека концертот „Во чест на Бора“ нема да се одржи на 2 ноември“, се наведува во официјалното соопштение.
На социјалните мрежи се огласи и еден од организаторите.
Запа База како еден од организаторите на овој настан сака да истакне дека настанот е направен од чиста љубов кон Бора Ѓорѓевиќ и неговите песни. Идејата да се наплаќаат билети, а со парите да се подигне споменик на Бора Ѓорѓевиќ на Ташмајдан, беше искрена желба на нас како негови обожаватели. Бидејќи семејството на Бора Ѓорѓевиќ, како и членовите на бендот, не се согласуваат со оваа идеја, т.е. поради начинот на кој се спроведува, со акцент на собирање средства за споменикот, решивме да не се одржи настанот“ – порачаа организаторите.
Поврзани објави
Потоа додадоа:
Таа информација ја дознавме кога концертот беше речиси распродаден, инаку настанот ќе беше бесплатен од самиот почеток, бидејќи го почитуваме ставот на семејството и членовите на бендот. Нашата одлука како еден од организаторите е донесена поради негативната слика што се создаде во медиумите, а тоа беше последното нешто што го посакувавме. Парите можете да ги подигнете од продажните места каде сте ги купиле билетите“.
Фото: printskrin Youtube/Dok anđeli spavaju
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: