Дубравка од неговиот спот „Gde cu sad, moja ruzo“…
Филмот „Недела“ синоќа беше премиерно прикажан на малите екрани, а поради приказната за животот на Џеј Рамадановски, целиот регион беше прикован на малите екрани.
Џеј е нараторот на филмот, кој гледачите ги води низ неговиот живот од најраната младост, но има детали од неговиот приватен живот кои не се прикажуваат.
Имено, Рамадановски доживеа трагедија кога почина познатата Дубравка од неговиот спот „Gde cu sad, moja ruzo“.
Како што се зборуваше, Џеј бил лудо вљубен во неа, а нејзината смрт оставила голема лузна во срцето на пејачот.
Поврзани објави
Дубравка почина на 44 години, а токму тогаш Џеј наводно ја изгубил девојката во која бил заљубен со години.
За нејзината убавина многумина зборуваа, а се шпекулираше дека освен Џеј, цела естрада лудувала по неа, иако, како што тврдат, Џеј никогаш јавно не кажал дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.
Фото: printskrin Youtube/Dzej Music Official
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: