Кога дознал со кого го изневерила жена му, не можел да го поднесе шокот
Во период од 20 години брак, овој анонимен маж поминал низ вистинска агонија. Од првиот ден знаел дека сопругата го изневерува, но поминувал преку тоа за да го сочува семејството. Меѓутоа, неговиот живот бил уништен кога дознал дека сопругата го изневерила со неговиот роден брат.
„И двајцата имаме 46 години, две децении сме во брак и имаме три деца. Се запознавме на факултет и полека се развија чувства меѓу нас. Таа секогаш беше енергична и дружељубива, а јас бев пресреќен што одбра некој повлечен како мене“, рекол изневерениот маж.
Од првиот момент во нивната врска, знаел дека го изневерува. Одлучил да замижи пред сите нејзини прељуби за да го зачува семејството:
Поврзани објави
„Ме изневеруваше со колеги од работа, со мајстори што работеа во нашата куќи, со момци од барови, па дури и со фризерот за кого тврдеше дека е геј. Како сето тоа да не беше доволно, дознав и дека нашето најмало дете не е мое. Штом забележав дека станува мистериозна со мобилниот телефон, знаев дека бара нова жртва. Но кога на нејзиниот телефон видов порака од мојот роден брат, бев уништен. Кога се соочив со неа, таа ми кажа дека претерувам. Брат ми има 50 години, оженет е, и јас имам многу лош однос со него. Пријателите ми велат да се разведам, но јас сè уште ја сакам.“
Мажот потоа отишол на психотерапевт, а тој го советувал следново:
„Ваквите тајни обично секогаш се дознаваат и ако вашите деца дознаат за ова, веројатно ќе бидат трауматизирани, а да не зборуваме за реакцијата на поширокото семејство. Доколку вашите деца знаат за нејзините афери, тоа може да им остави погубни последици. Можат да пораснат мислејќи дека таквото однесување е нормален дел од семејниот живот. Таа е сериска прељубница и не е реално да се очекува дека ќе се промени, освен ако навистина искрено не се посвети на решавањето на овој проблем“.