На социјалните мрежи се појави видеоснимка од раната фаза на музичката кариера на Тоше Проески, која прикажува помалку познат дел од неговиот уметнички развој.
Снимката е објавена на фејсбук-страницата „Метео Велес“ и датира од периодот кога Проески настапувал како член на групата „903“.
Во видеото, снимено на неколку локации во Крушево, младиот Тоше ја изведува фолк-песната „Марија“, при што пее и свири гитара. Станува збор за љубовна композиција, реализирана во амбиент без сценска продукција, што укажува на спонтан пристап кон снимањето.
Поврзани објави
Иако подоцна ја изгради својата кариера главно во поп-музиката, ова видео потврдува дека на самиот почеток Проески бил присутен и во фолк-жанрот. Во описот на видеото се наведува дека станува збор за „Тоше на самите почетоци од неговата кариера со фолк-рефрени“.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/toseproeski_/