Почетна Убавина и здравјеЌе ве воодушеви начинот на кој го искомбинирала! – Убавина и здравје

Ќе ве воодушеви начинот на кој го искомбинирала! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Нејзиниот стајлинг остава без зборови

Многу жени подлегнуваат на естетски третмани и операции по 50. година. Сепак, има и такви што се одлучуваат за природно стареење, поради што честопати се соочуваат со осуди од јавноста. А кога станува збор за славните дами, овие осуди, секако, се поизразени.

Една од тие што гордо стареат и си ги носат годините е актерката Сара Џесика Паркер, која има 58 години, но и понатаму важи за кралица на стилот.

Ѕвездите на серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон се нашле на удар на критики поради својот изглед.

Иако јасно е дека поминаа многу години од емитувањето на старите сезони и нормално е што актерките во меѓувреме добиле по некоја брчка и бело влакно, се чини дека на познатите дами потешко им се простува стареењето. Додека некои коментираат дека актерките „пропаднале“, други им честитаат и ги фалат што така транспарентно го прикажаа процесот на стареење на екраните. Сите три актерки имаат изјавено дека почесто треба да се зборува за ејџизам.


Поврзани објави

Освен што гордо ги носат белите влакна, Сара Џесика Паркер се издвојува од другите и по стилот на облекување. Актерката секогаш знае да одбере интересни модни парчиња и да изгледа префинето и елегантно во нив.

Овој пат, таа заблескала во сиво здолниште со блејзер во истата нијанса. Фустанот ги следи контурите на телото, но не изгледа нападно, бидејќи блејзерот совршено покрива сè.

Салонките даваат доза на елеганција, а фустанот може да се комбинира дури и со патики и токму тоа го прави посебен.

Погледнете го стајлингот на познатата актерка ТУКА.