Ника Тошиќ доживеала непријатен инцидент во еден од најпознатите трговски центри во Белград.
Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, младата Ника, била нападната во трговски центар во Белград. Инцидентот се случил додека таа била во шопинг со пријатели, кога непознато лице ѝ пришло и започнало да ја вознемирува.
Очевидци велат дека Ника била видно вознемирена, но брзо реагирале обезбедувањето и ја извеле од ситуацијата. За среќа, таа не е физички повредена, но претрпела голем стрес.
Поврзани објави
Јелена Карлеуша веднаш се огласила на социјалните мрежи, каде јавно побара надлежните органи да го санкционираат напаѓачот. Таа истакна дека безбедноста на децата мора да биде приоритет.
Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста, а поддршката за Ника пристигнува од бројни јавни личности и обожаватели. Многумина сметаат дека е крајно време да се преземат построги мерки за заштита на младите во јавниот простор.
printskrin Youtube-informer