Каква мајка, таква ќерка!
Прошета во „грешен“ фустан како од мајка родена!
Во Њујорк се одржа ревијата на Victoria’s Secret The Tour, на која се собраа многубројни познати убавици – модели, амбасадори и пријателки на брендот. Многумина од нив носеа парчиња со потписот на познатата модна куќа, што значи само едно – црвениот тепих беше преплавен со крајно провокативни парчиња.
Некои од моделите прошетаа во целосно проѕирни фустани, некои само во корсети, некои во најлонски чорапи и градници, но најголема драма предизвика Лурд Леон, ќерката на Мадона!
Поврзани објави
Оваа 26-годишна девојка се појави речиси гола, односно само во мрежест фустан од сребрен конец, кој на љубопитните погледи им даде јасен увид во облините на ќерката на Мадона.
Очигледно, исто како и нејзината мајка, Лурд е подготвена да шокира и не се колеба да провоцира, па дојде со голи гради и во танга-гаќички!