Ќатип Османи го презеде раководството на актуелниот македонски фудбалски шампин Струга Трим Лум на крајот на мај минатата година, водејќи го тимот на цели 26 натпревари, од кои 20 во првенството, 2 во Купот на Македонија, два во квалификациите за Лигата на шампионите и два во квалификациите за Конференциската лига. Османи повеќе нема да го води тимот на Струга Трим Лум, официјално објави клубот на својот официјален сајт. По слабите резултати, особено на стартот од пролетната сезона, тетовскиот стратег поднесе оставка од тренерска функција, а истото ја прифатија и првите луѓе на клубот кои во наредните денови ќе одлучуваат за неговиот наследник.