Почетна Убавина и здравје Утре ќе се одржи популарната регионална конференција за жени! – Убавина и здравје

Утре ќе се одржи популарната регионална конференција за жени! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Едукативни содржини, инспиративни разговори и вредни изненадувања за посетителите – сето тоа ќе се реализира во рамките на „Профемина 2022“Верните читателки на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“ многу добро знаат што е „Профемина“ – веќе пет пати имаа можност да присуствуваат на неа. А утре шести пат, најпознатата регионална конференција за жени ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“ во нашата престолнина со почеток во 10 часот.Посетителите ги очекуваат едукативни, актуелни и интересни панел-дискусии и студии на случај, но и вредни подароци од организаторот и неговите пријатели, кои ќе се извлекуваат по секоја дискусија и на крајот од конференцијата, во рамките на предвидената лотарија.Затоа, не заборавајте да се регистрирате на влезот за да учествувате во лотаријата и да добиете можност да освоите некој од вредните подароци од поддржувачите на конференцијата: Inebrya, Revalid, Vichy, La Roche-Posay, Esensa, Violeta, Herbalife Nutrition, парфеми од Matoss Cosmetics, ваучер за професионална шминка и Phi brows од Microblading Jeta, „Убавина и здравје“ подарува ваучери за часовници и накит, U&Z brands подарува вредно модно парче од зимската колекција, а главниот подарок е златен накит од Ador Gold.Исто така, на паузите посетителите ќе можат да се освежат со напивките на Franck. Поврзани објавиПОБРЗАЈТЕ!Уште денес (7.12.2022) можете да си го резервирате своето место на оваа престижна конференција. Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk.Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.Приемот на гости трае од 9.30 до 10 часот, на 8 декември 2022 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје – ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!Деталната програма на шестата регионална конференција „Профемина 2022“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје“ можете да ја погледнете ТУКА.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING