Покрај одличната кариера што ја изгради, она што дефинитивно го одбележа животот на пејачката Рада Манојловиќ е и нејзината врска со колегата Милан Станковиќ…
Рада и Милан се запознале на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд, а бидејќи во тој период често патувале заедно на настапи, започнале романсата.
Во периодот од 2008 до 2012 година во кои траеше нивната врска, младиот пар често беше главна тема на медиумите, а за нивната љубов и ден денес се зборува и пишува.
За нивната љубов се шпекулира со години, а познато е дека и денес се во одличнен однос. Но, во јавноста излегоа многу невистини, како гласини дека тие двајца всушност се мразат, дека Рада сакала да роди дете за Милан и дека си замрзнала јајце клетки.
Страшно, тоа е навистина невистина. Јас и Милан често се шегуваме на темата. Не знам од каде го добија тоа медиумите. Тоа е приватна тема, не зборувам за моите работи речиси со никого“, изјави Рада за локалните медиуми.
Поврзани објави
Меѓутоа, во една прилика Манојловиќ откри како започнала нивната љубовна приказна:
Нашата љубов се роди во комби. Навистина го сакав Милан. Ме шармираше со неговиот каркатер и неговиот изглед. Тој е многу смешен и интелигентен. Како да си вклучил некоја културно-едукативна програма со хумористични сегменти“ – изјави неодамна фолкерката во емисијата „Претрес“ на телевизија „Хајп“.
Фото: printskrin Youtube/Blic TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: