Table of Contents
По неколку месеци љубов, откриено што наводно не можела да трпи.
Љубовната приказна на актерката Јелисавета Орашанин и нејзиниот 11 години помлад колега Павле Менсур со месеци го привлекуваше вниманието на јавноста, а сега, според пишувањата на српските медиуми, нивната врска е завршена.
Јелисавета и Павле со години се познавале и се дружеле преку заеднички пријатели. По нејзиниот развод од кошаркарот Милош Теодосиќ, со кого има две деца, нивното дружење постепено прераснало во љубов. На почетокот се обидувале да ја сокријат врската, но нивните заеднички фотографии и појавувања набрзо го откриле тоа што се обидувале да го чуваат во приватност.
Според информациите што ги објавува „Блиц“, нивната романса траела околу половина година. Додека биле заедно, често биле забележувани заедно, а во еден период веќе воопшто не се обидувале да го сокријат односот.
Од голема блискост до проблеми
Нивната врска на почетокот изгледала идилично. Извор близок до парот претходно тврдел дека двајцата имале заедничко друштво, сакале слични работи и често патувале заедно. Јелисавета и Павле наводно брзо сфатиле дека меѓу нив постојат чувства. Дури биле забележувани и во јавноста како разменуваат нежности и безгрижно уживаат во времето поминато заедно.
Но, според пишувањата на српските медиуми, подоцна дошло до пресврт.
Наводно станал љубоморен
Поврзани објави
Првите гласини за проблеми се појавиле за време на нивниот престој во Црна Гора. Како што тогаш пренесувале медиумите, Павле наводно станал љубоморен, што ѝ пречело на Јелисавета. Наводно, таквото негово однесување било спротивно на она што го покажувал на почетокот од врската.
Ситуацијата дополнително ја разнишала приказната кога Павле бил забележан во ноќен клуб со непозната русокоса. Според сведоштвата објавени во медиумите, двајцата танцувале, а во еден момент жената го фатила за рака, по што заедно го напуштиле клубот.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Еден потег откри сè
Ниту Јелисавета ниту Павле јавно не го потврдиле раскинувањето. Сепак, набргу потоа двајцата престанале да се следат на социјалните мрежи – потег што јавноста го протолкува како јасен знак дека љубовта завршила. Така, приказната која започна како блиско пријателство, а потоа прерасна во романса што со месеци ја следеше јавноста, доби неочекуван епилог.
Јелисавета и Павле засега молчат за причините за разделбата, а деталите за тоа што точно се случувало меѓу нив остануваат предмет на пишувања и шпекулации во српските медиуми.
Фото: Printscreen