Популарната водителка ќе се појави на големото платно во улога на шпионка инспирирана од девојките на Бонд.
Водителката Јована Јеремиќ доби улога во српски филм кој наскоро почнува со снимање. Овој пат познатата ТВ личност ќе ја видиме како шпионка на големото платно.
Нејзиниот лик е креиран по пример на познатите девојки на Џејмс Бонд, но со препознатлив балкански шмек и карактеристичната острина на самата Јована. Според извор близок до продукцијата, еден од најпознатите и најнаградувани режисери лично ја контактирал, верувајќи дека има харизма и сценска енергија какви што нема друга јавна личност на овие простори.
Поврзани објави
Првично Јеремиќ била во дилема поради бројните професионални ангажмани, но по деталното претставување на сценариото сфатила дека станува збор за единствена животна шанса.
Таа изјавила дека се чувствува како родена за оваа улога и дека ќе ја одигра со целосна посветеност, уверена дека ќе ја изненади публиката со својата трансформација и ќе ја подигне својата кариера на сосема ново ниво.
printskrin youtube – jeremic